World Music

Објавен трејлер за документарниот филм за Дејвид Боуви – „Moonage Daydream“

Долго најавуваниот документарен филм за Дејвид Боуви, „Moonage Daydream“ на режисерот Брет Морген, го доби првиот трејлер. Според официјалниот опис, овој документарен филм нема да се базира само на кариерата на познатиот музичар, туку ќе го истражува неговото „креативно и духовно патување“.

Самиот трејлер прикажува извадоци од изведбата на Дејвид Боуви, а според извршниот продуцент и поранешен претседател на Warner Bros, Бил Гербер, филмот е „звучна и визуелна екстраваганција што треба да се доживее на големото платно со врвно аудио.“

Боуви не може да се дефинира. Мора да се доживее – изјавил режисерот Брет Морген по прикажувањето на филмот на настанот CinemaCon.

Кога станува збор за филмот „Moonage Daydream“, тој содржи 48 песни на Боуви, а и никогаш невидени снимки од концертите на славниот музичар. Филмот пристигнува низ светот во септември оваа година.

Погледнете го трејлерот:

MOONAGE DAYDREAM - Official Teaser Trailer HD

Можеби ќе ве интересира: