Премиера

Промоција на интернационалниот прогресивен метал бенд „Agremorta”

„Agremorta” е колаборативен музички проект настанат во јули 2023 година кој започна многу брзо да функционира заеднички така да за брзо време се создаде многу музика која што допрва ќе биде објавена. Членовите на музичкиот проект се Кристофер Кронс (Christopher Cronce) и Никола Станојковски, македонско/американско дуо каде што Кристофер е одговорен за композицијата, аранжманот и изведбата на вокалите, како и, пишувањето на текстовите, додека пак Никола е одговорен за композицијата, аранжманот, продукцијата и снимањето на остатокот од инструментите, вклучувајќи гитари, бас, синтисајзери и се останато.

Музиката на „Agremorta” вклучува елементи од повеќе жанрови како алтернативен, прогресивен, грув и индастриал метал, проткаено низ една оркестрална, футуристичка и амбиентална музика којашто ја држи основата на звучниот дизајн. Значењето на името на бендот е комбинација на два зборови: Agre – пред, кој потекнува од стар индоевропски јазик, и, Morta – кралица на смрта, што доаѓа од римската митологија.

“Adrocitas” е прв сингл од предстојниот краток албум (EP, extended play) “Anomalia”. Се работи за концептуален албум од 4 песни низ којшто се испреплетуваат и надополнуваат темите од песните во однос на текст, гитарски линии и звучен пејсаж.

Agremorta - Adrocitas (Official Lyric Video)

Во контекст на албумот, “Adrocitas” е интензивна кулминација на приказната. Се работи за ароганцијата на индивидуа во една праведна војна каде што музиката ја одсликува личната рефлексија за моќта и патот до пеколот поплочен со добра намера. За концептот и комплетната приказна можеме да откриеме кога ќе биде издаден албумот. Песната е уникатен спој на сложени мелодии, моќни/груви рифови, слоевит и богат звучен пејсаж и синтисајзери, како и текстови кои предизвикуваат интензивна емоционална експресија. Името на песната е комбинација на два зборови: Adrogantia, што е латински збор за дрскост, и, Ferocitas, што означува храброст предизвикана од внатрешна сила.

Синглот е објавен на 15-ти декември 2023 година на сите популарни стриминг платформи како Spotify, YouTube Music, Bandcamp, Soundcloud, iTunes, Apple Music, Tidal, Deezer итн. Исто така, достапно е и лирично видео на платформата YouTube. Вокалите се снимани и испродуцирани во „Alatna Studios” со помош на Ендрју Бери (Andrew Barry). Александар Стефановски беше одговорен за ко-продукцијата, миксот и мастерот на песната, а во траката има и гостинско соло од страна на Луис Снајдер (Louis Snyder). Дополнителни бас линии во песната се снимени од страна на Стефан Стојкоски.

Можеби ќе ве интересира: