Во прв ред

Општина Прилеп и Слоу Фуд Прилеп најавуваат Новогодишен базар во центарот на градот (Фото)

Како што не информираат од Општина Прилеп, годинава за прв пат ќе се организира Новогодишен базар на Платото кај Градскиот Саат.

Организацијата на овој настан е во соработка со здружението Слоу Фуд Прилеп, чии членови ќе им подготват на прилепчани многу разновидни производи, направени од вредните раце на малите локални производители.

28-ми, 29-ти и 30-ти декември се деновите кога Новогодишниот базар во Прилеп ќе функционира и барем за момент ќе се долови новогодишната еуфорија и магија во градот. Организаторите ветуваат пријатна атмосфера, каде што ќе се ужива во убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање на спомени што засекогаш ќе се чуваат.

„Во овие три ден со почеток од 11:00-15:00 часот, на Новогодишниот базар, ќе има различни музички, забавни, гастрономски и други содржини и изненадувања за сите генерации”, велат организаторите за Музика24.

А кога станува збор за музичко-забавната програма, прилепчани а и сите присутни ќе ги забавуваат следните изведувачи:

Програма:

Четврток 28.12.2023 година

  • 11 часот Oldschool Selector – Christmas party
  • 12 часот Оркестар „Трио Гранде” – староградска музика
  • 13 часот Женски камерен хор „Керамија“
  • 14 часот Oldschool Selector – Чалгија во стара чаршија

Петок 29.12.2023 година

  • 11 часот Забава за деца со кловнот Лили
  • 12 часот Оркестар „Трио Гранде” – староградска музика
  • 13 часот „Acoustic Trio” – Македонски евергрини
  • 14 часот DJ Chatle – Македонски антологиски времеплов

Сабота 30.12.2023 година

  • 11 часот Забава за деца со кловнот Лили
  • 12 часот DJ Chatle – Македонски антологиски времеплов
  • 13 часот Оркестар „Трио Гранде” – староградска музика
  • 14 часот Иги Бок – Македонски рок

Можеби ќе ве интересира: