Премиера

„Рундек и Екипа“ го објавија спотот за „Voljeti stvarno“ (Видео)

„Рундек и Екипа“ го објавија спотот за „Voljeti stvarno“ од албумот „Брисани простор“. Видеото е по замисла на басистот Роко Црниќ, а Дарко Рундек го разви и го заврши во соработка со реномираниот босанско-словенечки филмски режисер Мирослав Мандиќ.

„Voljeti stvarno“ е песна која долго чекаше да излезе албум, додека конечно не го најде своето место во „Брисани простор“, кој се издаде кон крајот на 2020-та година за Менарт и Лонг Плеј.

„Немаше брзање, бидејќи песната е безвременска. И во неа сите лесно ќе се препознаат, а нејзината весела меланхолија, природна ритмичност и незаборавна мелодија ќе продолжи да игра во нас и кога не ја слушаме“, вели Дарко Рундек.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: