Премиера

Стојне Николова ја воодушеви публиката со новогодишна песна (Видео)

Познатата македонска фолк пејачка Стојне Николова вчера на својот YouTube канал ја промовираше својата најнова песна, која го носи едноставниот, но симболичен наслов „Новогодишна“. Музиката и аранжманот за ова празнично музичко дело ги потпишува нејзиниот долгогодишен пријател и соработник, Бобан Мојсовски-Мојсо, додека стиховите ги напиша еден од најпрепознатливите текстописци во Македонија, Орце Зафировски.

Аудио продукцијата е реализирана во реномираното Анастасија студио, а за впечатливото видео и монтажа беше задолжен тимот на Cvetanski footage.

Песната веќе ги освојува срцата на слушателите и ветува да стане дел од празничната атмосфера во домовите на сите љубители на македонската музика.

STOJNE NIKOLOVA - Novogodisna (official video) 2024

Можеби ќе ве интересира: