Македонската ска и панк група “Суперхикс” денеска во Скопје во точно 13 часот во продавницата “Југотон” во Градскиот трговски центар, го промовираа новиот албум насловен “Underground Evergreens” со што ќе одбележија 23 години од своето постоење на македонската музичка сцена.
Ексклузивно за музичкиот портал Музика24 да дадоа следната изјава:
“Задоволни сме од новиот албум со тоа што го снимавме подолго време, на крај се надеваме дека направивме добро музичко дело. На албумот има 12 песни, од кои две песни се соработки со наши соработници. И двете песни се во соработка со соработници од Хрватска, една од нив е соработка со една екипата “Канџи енд Токсара”, а втората претставува трибјут песна за “Ми смо овде само због пара”. Што се однесува до концертните промоции работиме на тоа и се надеваме дека ќе испадне токму како што треба, работиме и преговараме за концерти како во Македонија, така и надвор од нашата земја”, изјавија ексклузивно за време на промоцијата членовите од “Суперхикс”. Меѓудругото тие за Музика24 открија и дека наскоро ќе снимаат и видео спот за песната “Луда главо”.
Инаку нивниот нов албум е снимен, миксуван и мастериран од Мите Димовски, во студиото “Тра Ла Ла”, а мал дел е сниман и во студиото на Ивица Јанкуловски. Дизајнот на обвивката е дело на дизајнерот Томи Џуровски. Албумот е во ЦД формат, а наскоро ќе биде изработено и негово винил издание. Промоцијата се одржа токму денес, бидејќи токму на овој ден 3-ти март 1994-та година го имаа својот прв настап.
Подготви: Иван Јосимовски
