Во организација на туристичката агенција “Гуливер” денес во хотелот “Парк” кој што се наоѓа во градскиот парк во Скопје, се одржа дружењето помеѓу легендарните и мега популарни хрватски пејачи Оливер Драгојевиќ и Џибони. Тие се дружеа со новинарската фела каде во опуштена адмосфера со кафе и разговор, се дискутираше за утрешниот концерт кој што ќе се одржи во ВИП арената “Борис Трајковски”. Меѓудругото открија дека на утрешниот концерт како специјален гостин ќе се појави нивниот многу добар пријател од Македонија, големиот Влатко Стефановски. А освен песните од заедничкиот албум “Фамилија”, на утрешниот концерт присутните ќе можат да уживаат и во веќе познатите хитови од овие познати музички ѕвезди.
Незаборавајте, ВИП арена “Борис Трајковски”, концертот започнува точно во 21 часот.
Подготви: Марија Поповска
