Премиера

Тони Зен го промовираше новиот албум насловен “Микро Скопски Организам” (Видео)

Вчера вечер во кафулето “Концепт 37” Тони Зен го промовираше новиот петти по ред студиски албум насловен “Микро Скопски Организам”. Албумот содржи 15 песни чии текстописец е Тони Зен, а музиката на истите е подготвена и изработена од повеќе автори. Како гости на албумот се јавуваат имињата на музичарите: Сиги, Тамара Тодевска, Бобо (Софија, Бугарија), Даниел Кајмакоски, Горан Папас, Пере, Франц, Бертан Арслани и др.

Освен промоцијата на албумот, Тони Зен го промовираше и новиот видео спот за песната “Сетила” кој што премиерно на музичкиот портал Музика24 ќе имате можност да го погледнете во продолжение. Видео спотот е во изработка на “БМА брадерс”, односно продукцијата на браќата Бертан и Мерт Аслани со која што познатиот рапер соработува подолго време.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: