Премиера

Валдера блесна во новиот хит: „Биди тука“ – музика, танц и стил! (Видео)

Македонскиот музичар Влатко Иљачев, попознат како Валдера, повторно го освои вниманието на своите фанови со новата песна „Биди тука“ и нејзиниот уникатен видеоспот. Сниман на урбаните улици на Скопје, видеото носи динамика и стил, прикажувајќи го Валдера облечен во елегантно бело (бели пантолони и блуза), додека двете девојки кои го придружуваат танцувајќи се облечени во впечатливо црно (црни пантолони и блузичка).

Контрастот во облеката додава посебна естетика на спотот, но вистинската магија е во енергијата на Валдера, кој за првпат заигрува заедно со танчерките, внесувајќи ведрина и позитивна енергија.

Интересен факт е дека Валдера самиот го режираше и монтираше видеото, покажувајќи уште еднаш дека освен како музичар, се истакнува и како креативен визуелен артист. Камерата беше во сигурни раце, управувана од неговиот долгогодишен пријател и соработник, Даниел Филкоски.

Доколку сте обожавател на Валдера, не пропуштајте да го набавите неговиот најнов албум „Уживам“, достапен преку неговите социјални мрежи. Песната „Биди тука“ и нејзиниот видеоспот гарантираат вистинска забава и визуелно уживање – погледнете го и уверете се сами.

Можеби ќе ве интересира: