Angels Caffe не би било најелитното место доколку не им удоволува, не ги знае вкусовите, не им пружи топол амбиент и не се грижи за расположението на неговите верни посетители и гости. Тој е начинот кој Ве намамува и повикува да присуствувате на секоја организирана “рајска” забава. Овој пат тимот подготви комплетна агенда, која ќе ја испрати старата и дочека Новата година. Ќе се журкаме речиси секој ден, цела недела без престан. Забавата започнува од денес и тоа:
27.12. 2013 петок – Vj Goce Saf
28.12.2013 сабота – 13 часот Shine ; 22 часот К-105
29.12. 2013 недела – No End
Изборот е одличен за вжештување на предновогодишната атмосфера. 31-ви декември или најлудата ноќ, кога сите со нетрпение ќе чекаат стрелките на часовникот да се спојат во 12 часот, за да ја испратат старата и дочекаат Новата година. Во старата да ги оставиме сите лоши моменти, да си честитаме, да си посакаме многу повеќе здравје, љубов, среќа, успеси и пари во Новата 2014-та.
Празничното волшебство ќе го надополнат: Saxation, Irie Scratch, Dj Vasile и MetoDiFlash. Ниту на 1-ви јануари, првиот ден во Новата 2014-та, нема седење дома, во Angels Caffe ќе Ве дружат: Dj Borce Panov, Dj Vasile и MetoDiFlash.
Од Штип за Музика24: Сања Неткова
