Летната концертна програма во Охрид продолжува со уште едно звучно музичко име. Познатиот хрватски поп-рок пејач Ален Славица на 8 јули ќе одржи концерт на сцената на „Долни Сарај“, каде што заедно со групата „Гром“ ќе приреди вечер исполнета со неговите најголеми хитови и препознатливи рок балади.
Концертот започнува во 21:00 часот, а публиката ќе има можност во живо да ужива во песните што со години се дел од музичката меморија на целиот регион. Настапот на Ален Славица е еден од најочекуваните музички настани ова лето во Охрид и ветува атмосфера исполнета со емоции, добра музика и безвременски хитови.

Билетите се веќе во продажба по цена од 500 денари, а можат да се набават на тезгата „Мај Аждер“ во Градската чаршија.
Организаторите ги повикуваат сите љубители на квалитетната поп и рок музика навреме да си обезбедат билет и да бидат дел од концертната вечер што ќе го збогати летното културно и музичко случување во Охрид.
Текстот го подготви: Редакција Музика24
