Како што се наближува датумот на долгоочекуваниот концерт на Владо Георгиев, така расте и интересот кај публиката. Следната сабота, на 27 јуни, Битола ќе биде домаќин на единствениот open air концерт што популарниот кантавтор ова лето ќе го одржи во Македонија.
Под отвореното небо на битолското Ракометно игралиште, Владо Георгиев подготвува неколкучасовен музички спектакл исполнет со емоции, врвна продукција и безвременските песни што со години ги обединуваат генерациите. „Анѓеле“, „Живим да те нађем“, „Реци не“ и многу други хитови ќе бидат дел од вечерта која веќе се најавува како еден од најголемите музички настани ова лето. Продажбата на влезници покажува дека интересот е огромен. Покрај битолчани, на концертот се очекуваат посетители од речиси сите градови низ Македонија, како и бројни гости од соседните земји. ВИП масите се пред целосна распродажба, а капацитетот на фан-пит зоната секојдневно се намалува.
По четирите целосно распродадени концерти во Белград и спектакуларниот настап во Скопје, очекувањата се дека и битолскиот концерт ќе биде распродаден, потврдувајќи уште еднаш дека Владо Георгиев останува едно од најценетите и најбараните музички имиња на Балканот.
Неколку дена пред концертот во Битола ќе започне поставувањето на современа концертна сцена, моќно озвучување и импресивно светлосно шоу, што дополнително ќе ја збогати атмосферата и ќе создаде вистинско концертно доживување под летното небо. Организаторите ги повикуваат сите што сè уште немаат обезбедено влезница тоа да го направат навреме, бидејќи интересот секојдневно расте.
Влезниците се достапни на сите продажни места на „Димпо Тобако“, како и онлајн преку платформата ddtickets.com.
Текстот го подготви: Редакција Музика24
