По повод вечерашниот концерт во ВИП арената “Борис Трајковски”, интензивниот и експлозивен бенд “Апокалиптика” лично ги кани своите македонски обожаватели да дојдат и да уживаат со нивните спектакуларни изведби на хитовите од “Металика”.
Концертот во организација на Авалон продукција е во рамките на нивната светска турнеја “20 years of Plays Metallica by four cellos”, а ќе започне во 20 часот, додека вратите ќе бидат отворени од 19 часот. Влезниците по цена од 400 денари се уште можете да ги набавите преку продажната мрежа на kupikartizase, во Југотон и онлајн на www.kupikartizase.com.
Подготви: Александра Блажевска
