Авалон продукција го најавува својот нов проект, концертот на „Бајага и Инструктори“ на еден од апсолутно најубавите простори во нашата држава – Антички театар, Охрид, на 30-ти јули, во 21:00 часот.
После којзнае колку време, една од сигурно не само најголемите, туку и најактуелни регионални ѕвезди Момчило Бајагиќ – Бајага, со својот бенд се враќа во Охрид за илинденските празници, да ни го сервира својот безвременски каталог на раритетно убави песни. Дали можете да замислите како во античкиот театар во Охрид ќе звучат: „Zažmuri“, „Sa druge strane jastuka“, „Kad hodaš“, „Od kada tebe volim“, „Plavi safir“, па сѐ до хитовите од последниот албум кој излезе лани, со наслов „Ovaj svet se menja“?!
Влезниците во ограничен број ќе бидат пуштени во продажба од четврток (01-ви јули) во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk, по цена од: 1000 денари (партер-седење) и ексклузивни 200 влезници по 1500 денари (фан пит).
