Во прв ред

Вечерва на „Скопско лето“ Васил Хаџиманов трио со концерт насловен “Melody Rhymes“ (Фото)

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва со почеток во 21 часот во Куршумли Ан ќе се одржи долго најавуваниот и очекуван концерт на популарното Васил Хаџиманов трио.

Како и секогаш, и овој пат на сцената ќе се појават: Васил Хаџиманов – клавијатури, Мартин Ѓаконовски – контрабас и Алек Секуловски – тапани. На овој концерт триото ќе го промовира новиот албум “Melody Rhymes”, а воедно ќе се претстави и со композиции кои досега биле промовирани и снимени на претходните албуми.

Генерален покровител на „Скопско лето“ и годинава е Град Скопје, поддржувач е Министерството за култура на Република Македонија, додека спонзори се М-Кеш Македонија, Горска вода, Инфинити Енерџи ИТСС.

Концертот за Васил Хаџиманов Трио е веќе распродаден!

Можеби ќе ве интересира: