Британскиот “Блек Сабат”, група која важи за творец на хеви металот, во Бирмингем го оддржа својот последен концерт, јави Би-Би-Си. Пејачот Ози Озборн при тоа им се заблагодари на фановите за речиси петдецениската поддршка. Турнејата наречена “The End” (“Крај”) почна во јануари минатата година во САД и во нејзини рамки бендот одржа 81 концерти ширум светот.
Многу бендови, сепак, објавија “крај” на кариерата, но потоа се вратија привлечени од богатата понуда. Дали тоа ќе им се случи и на пионерите на хеви металот останува да се види. Сепак, Озборн е решителен. – Ова е крај. Дефинитивно, тврди тој.
Групата “Блек Сабат” во 1968 година ја основаа Ози Осборн, гитаристот Тони Иоми, басистот Гизер Батлер и тапанарот Бил Ворд. Освен вториот, сите тројца настапија на концерот во Бирмингем со кој се збогуваа со публиката. Би-Би-Си јави дека последниот концерт бил преполн со носталгија и дека само една од изведените песни била објавена по 1972 година.
Подготви: Дениза Илиевска
