Во прв ред

“Бијело дугме” со голем концерт на 4-ти август во Охрид

После историскиот и распродаден коцерт на “Бијело дугме” во Скопје пред повеќе од 10.000 посетители, Горан Бреговиќ, Младен Војичиќ- Тифа и Ален Исламовиќ, повторно се враќаат во Македонија, овој пат на голем концерт на отворено во Охрид, на 4 август (петок) на стадионот “Билјанини извори”, соопштија од “Авалон продукција”. Ова е прв концерт на отворено на најголемиот и најуспешен балкански музички бенд и бренд на сите времиња, после навистина долго време.

Влезнците се веќе во продажба, по следниве цени и категории:

  • Партер – 600 денари,
  • Фан пит – 900 денари
  • Вип – 1.500 денари

Концертот ќе биде продукциски на ниво на светските концерти, по сите светски стандарди, ќе трае повеќе од 2 и пол часа, а ќе започне во 22:30 часот.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: