“Ова лето ќе се памти” е најновиот летен хит на еден од нашите најпознати пејачи – Влатко Лозаноски. Песната е веќе неколку недели на врвот од топ-листите на радиостаниците низ земјава и несомнено е дека уште долго време ќе остане така. Лозано и овој пат не го промени тимот на соработници. Како автори на оваа песна се потпишува братско-сестринскиот тандем – Лазар и Магдалена Цветковски. Не за бадијала велат: Тимот кој што победува, не се менува.
“Секое лето се памти по нешто добро, по нешто убаво, лето кое никогаш не се заборава … “Ова лето ќе се памти” им ја подарувам на сите оние кои имале, имаат и ќе имаат убаво и незаборавно лето. Веќе подолго време оваа нумера се вртеше по радиостаниците низ цела Македонија. Очекувам и се надевам дека целиот овој пакет ќе им се допадне на сите оние кои ја почитуваат и слушаат мојата музика”, вели Лозано. Песната пред неколку дена го доби и својот видеозапис кој го изработи Бојан Тасетовиќ и неговиот тим од “Веста продукција” од Битола. Во продолжение, погледнете го новиот видео спот на Лозано.
Подготви: Марија Поповска
