Во прв ред

Битола сака добра музика: Жељко Бебек во среда на Ракометното игралиште

Битола во среда повторно ќе биде центарот на музичките случувања во регионот и Македонија. Во рамки на јубилејната турнеја по повод 50 години кариера, легендарниот Жељко Бебек ќе одржи концерт на Ракометното игралиште.

Бебек со неговиот бенд во живо ќе ги отпее безвременските хитови како: „Sanjao sam noćas da te nemam”, „Selma”, „Ima neka tajna veza”, „Doživjeti stotu“, „Oprosti mi što te volim”, „Laku noć, svirači“… па се до актуелните песни од последниот албум на Бебек.

Очекувано овој концерт кој се издвојува од бројните настани и концерти ова лето во градот, привлече големо внимание и интересот да се биде дел од концертното одбележувањето на полувековниот јубилеј на Бебек е голем. Па така освен битолчани, значаен дел од публиката ќе биде од околните, но и подалечните градови од земјава.

Преостанатите влезници можете да се набават во продажната мрежа на Мк тикетс,  ДИМПО тобако (Нов пазар, Ленски мост, Грозд) и Tobacco Brothers (Широк Сокак). А секако и онлајн на mktickets.mk.

Можеби ќе ве интересира: