Во прв ред

Битолчани вчеравечер уживаа во музиката на Каролина (ФОТО)

Македонското девојче Каролина Гочева вчеравечер го одржа првиот од двата концерти во родната Битола. Во преполната сала на Н.У. Центар за култура Каролина за своите битолчани ги изведи песните од новиот албум: „Убав живот“, „Млади багреми“, „Газам боса“, „Ѕвона“, „Земи го срцево“, „Да е сон“, „Будна“ итн.

После новите песни следните на репертоарот на Каролина беа хитовите од претходните албуми, кои Каролина ги отпеа заедно со публиката.  По крајот на програмата публиката желна за уште музика  го врати битолското чупе на бис. „Никаде не е како дома“ рече Каролина Гочева на вчерашниот концерт.

Во продолжение низ слики Ви ја пренесуваме одличната атмосфера од концертот на Каролина во Битола.

За Музика 24 од Битола: Филип Етмишовски
Фото: Creative Production

Можеби ќе ве интересира: