Во прв ред

“Морчиба“ доаѓа на “Скопје колинг“

Славната британска трипхоп-група “Морчиба“ на 22 јуни ќе настапи во Скопје, во рамките на летниот фестивал “Скопје колинг“, во организација на “Авалон“ продукција. “Морчиба“ ќе биде главната ѕвезда на вториот фестивалски ден, викендот меѓу настапите на Аксвел и Ингросо, “Тексас“ и Дарко Рундек. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре, преку “Купи карти за се“, како и преку онлајн-сервисот на оваа продажна мрежа. Цената на билетите ќе изнесува 1.000 денари за партер и 1.500 денари за фан-пит.
“Морчиба“ првпат доаѓа во Скопје да ги испорача сите свои големи хитови од претходните албуми, како и песните од новиот албум.
Пејачката Скај Едвардс и гитаристот Рос Годфри пред две години настапија во Скопје, во рамките на фестивалот “Таксират“, кога го претставија својот нов музички проект, наречен “Скај енд Росс – Морчиба“, но не беа изоставени и песните од албумите на нивниот матичен бенд “Морчиба“.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: