Во прв ред

Две балкански легенди на една сцена: Дорис Драговиќ и Петар Грашо со спектакуларен концерт во Скопје – „One Night Two Stars“ (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24.мк, балканската музичка сцена повторно ја донесува својата магија во Скопје. На 14-ти март 2026 година, со почеток во 21 часот, во арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи голем концерт кој ветува вистински спектакл за сите љубители на безвременската музика. Под мотото „One Night Two Stars“, македонската публика ќе има ретка можност да ги доживее во исто време и на иста сцена легендарната Дорис Драговиќ и шармантниот Петар Грашо.

Дорис Драговиќ, која со својата моќна интерпретација и уникатна емоција оставила силен печат во историјата на регионалната музика, ќе ја воодушеви публиката со своите незаборавни хитови кои со години се пеат на сите простори на поранешна Југославија. Од друга страна, Петар Грашо – еден од најпопуларните и најомилени пејачи на Балканот, со својот препознатлив глас и харизма ќе го разнежни срцето на секој посетител.

Овој заеднички концерт претставува спој на две генерации музичари кои на сцената носат вистинска енергија, емоција и квалитет. Во текот на вечерта, публиката ќе има прилика да ужива во нивните најголеми хитови, песни што ја обележале музичката историја и кои сè уште имаат посебно место во срцата на многумина.

Организатор на концертот е Прагма продукција, која најавува дека вечерта ќе биде збогатена со спектакуларна продукција, врвен звук и светлосни ефекти достојни на светски музички настани. За сите вистински љубители на балканската естрада, ова ќе биде ноќ за паметење – една сцена, две големи музички имиња и безвременска музика што обединува генерации.

За повеќе информации во врска со овој концерт и многу повеќе музички информации – следете го музичкиот портал Музика24.мк.

Текстот го подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: