Во прв ред

Една од најголемите музички ѕвезди од регионот – Емина Јаховиќ доаѓа во Скопје (Фото+Видео)

На 14 мај, концертната сала на Македонската филхармонија ќе стане сцена на врвна емоција, гламур и музика со светски сензибилитет. За првпат, македонската публика ќе има можност да ужива во настап во живо на оваа регионална поп-ѕвезда.

По години успешна кариера и безброј хитови кои го одбележаа регионот, Емина доаѓа во Скопје со специјален концертен концепт, подготвен ексклузивно за оваа вечер. Публиката ќе има ретка можност во живо да ги слушне песните што оставија силен печат, како „Дал она зна“„Вукови“, „Мед“, „Пиле моје“, „Лимунада“… и многу други, изведени во поинаква, поинтимна атмосфера.

Ова нема да биде само концерт, ова ќе биде искуство. Вечер во која музиката зборува повеќе од зборовите, а секоја песна носи своја приказна. Амбиентот на Македонската филхармонија дополнително ќе ја засили магијата, создавајќи атмосфера и вечер што долго ќе се памети. Организатор на овој ексклузивен музички настан е Евентум продукција, која најавува продукција на високо ниво и вечер достојна за најголемите регионални имиња.

Билетите се веќе пуштени во продажба, а поради ограничениот капацитет се очекува брзо да бидат распродадени. Истите може да се набават преку мрежата на Е-Тикет.мк.

14 мај е датум што не се пропушта. 14 мај е вечер за дружба со Емина Јаховиќ и вечер за музика, емоции и уникатно доживување.

Можеби ќе ве интересира: