Како што дознава музичкиот портал Музика24, на 1-ви декември 2024 со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија, миленикот на дамите ќе одржи свој ексклузивен и интимен концерт во Скопје, една од легендите на поранешната југословенска сцена, човекот со неверојатни музички способности, еден и единствен Борис Новковиќ.

Како што велат организаторите од Вајб продукција, влезници во продажба ќе бидат пуштени од 25-ти октомври (петок) онлајн на ticketx.mk или во продажната мрежа на ticketx ширум Македонија по следните цени и категории :
- Сектор А – 1.250 денари/1.500 денари,
- Сектор Б – 1.250 денари/1.5000 денари и
- Сектор Ц – 1.250 денари/1.500 денари.
Будете брзи во петок наутро…
