Легендарната португалска фадо пејачка Мариза на 5 април ќе приреди незаборавен концерт во Македонската филхармонија. Со изведба на своите најпознати хитови, таа ќе ги понесе слушателите на емотивно патување низ длабочините на фадо музиката.
Ова е нејзиното враќање на македонската сцена по цели две децении – последниот нејзин настап во земјава беше во 2005 година во рамките на Оф фест.

Мариза го започна својот музички пат во Лисабон пред дваесет години, а нејзиниот пробив на светската сцена дојде со албумот Fado em Mim во 2001 година. Оттогаш, нејзиниот уникатен глас одекнуваше на најпрестижните концертни сцени, вклучувајќи ја париската „Олимпија“, лондонскиот Royal Festival Hall и њујоршкиот „Карнеги хол“.
Овој концерт ветува магична вечер исполнета со страст, емоции и вистинско фадо доживување.
