Магазин

Тејлор Свифт прогласена за најдобро облечена ѕвезда на деценијата (Фото)

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт ја освои титулата Најдобро облечена славна личност на деценијата, благодарение на импресивните 83.200 месечни пребарувања на Google за нејзиниот стил. Истражувањето, спроведено од брендот за облека Superdry помеѓу декември 2021 и ноември 2024 година, анализираше 113 познати личности, следејќи ги пребарувањата поврзани со нивните имиња и зборовите “fashion,” “outfits” и “style”.

На втората позиција се најде пејачот Хари Стајлс, познат по своите смели модни комбинации, со 20.876 пребарувања, додека третото место и припадна на Зендаја – актерката која ги освојува црвените килими со своите впечатливи стајлинзи, со вкупно 20.700 пребарувања.

Во топ 5 се најдоа и Кање Вест, кој го зазеде четвртото место, како и младата Били Ајлиш, која е позната по својот уникатен, oversize стил.

Тејлор Свифт, освен што е една од најмладите милијардери во музичката индустрија, важи за модна инспирација за своите фанови – облеката што ја носи веднаш станува тренд, а нејзиниот стил доминира во модниот свет.

Можеби ќе ве интересира: