Во прв ред

Ексклузивно: Нина Бадриќ во октомври со голем емотивен концерт во Скопје (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, во организација на eventum.mk на 27-ми октомври, со почеток од 20 часот, во Македонската филхармонија легендарната хрватска дива Нина Бадриќ ќе го одржи својот единствен концерт во Скопје по шестгодишна пауза.

Таа со своите безвременски хитови и неповторлива харизма ќе ве поведе на музичко патување кое ќе го допре секое срце. Не пропуштајте ја оваа единствена прилика да бидете дел од концерт што долго ќе се памети.

Продажбата на билети започнува од 14-ти септември 2024 година. А наскоро организаторите ќе излезат со дополнителни информации за места на продажба на билети.

Можеби ќе ве интересира: