Во прв ред

Газда Паја за прв пат во Македонија

Во сабота на трети август во Охрид, на втората плажа-Градиште, се случува Викенд журка! Со почеток од 23 часот најавена е пет часовна журка со Слаткаристика, DJ Ник Капа, Газда Паја, Тајзи, Токсиколози и други. На задоволство на нашата публика, за прв пат во Македонија доаѓа и Газда Паја чија песна “Чке Београдске” ја нарекуваат балканската “Гангам стајл” на Псај поради големата слушаност и гледаност насекаде во регионот. За македонската рап сцена, плановите и неговото прво гостување во Македонија, Газда Паја вели:

“Многу се радувам што конечно ќе дојдам и во Македонија. Одамна си посакував. Ја пратам вашата сцена и ги слушам САФ, Слаткаристика, Пука Козметика и Тони Зен. Ми се допаѓа нивната работа и едвај чекам да настапам со Слаткаристика на трети aвгуст во Охрид. Чув дека “Чке Београдске” се слуша во Македонија, а се надевам и на исто така убав прием на другите мои песни. Имам и постари проекти, а и нови хитови, па се гледаме и журкаме на трети во Охрид, на Градиште, втора плажа. Поздрав”, изјави раперот за македонските медиуми.

Вечерта за журката на Градиште, во Охрид ќе има  и организиран превоз до плажата, а картите со цена од 200 денари може да се набават на влез и во претпродажба низ продажната мрежа низ Македонија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: