Фондацијата за култура и спорт – Куманово го најави мега концертот по повод „11ти Ноември“, кој ќе се одржи во очи празникот, поточно, на 10.11.2021 (среда) на Градскиот плоштад во Куманово со почеток во 20:00 часот. Како и секоја година, со исклучок на минатата (поради Ковид пандемијата), Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово организира пригодна културно – уметничка програма. По тој повод, на програмата за прославата на ден на градот оваа година се: Bardhi (20:00 часот), Пајак (20:40 часот), Таско (21:20 часот) а за крај од 22 часот ќе настапат Ѓорѓе Давид со „Death Saw“ и Ивана Петерс.
Од фондацијата апелираат до сите вас да ги почитувате мерките за превенција од актуелниот вирус и да внимавате пред се на вашето, а потоа и на здравјето на луѓето околу вас. Бидете одговорни!
