World Music

Дејвид Ковердејл го напушта „Whitesnake“ по прошталната турнеја во 2022 година (Фото)

Музичарот Дејвид Ковердејл, фронтмен на бендот „Whitesnake“, во подкастот „Appetite For Distortion“ изјави дека го напушта бендот по завршувањето на прошталната турнеја, но нема да се пензионира, туку планира да работи на нови проекти во иднина.

“Планирав да се повлечам по турнејата во 2020 година, кога имав 69 години. Мислев дека е одлично време да се збогувам со „Whitesnake“. За жал, тоа не се случи. Но, не се залажувајте. Ова е мојата проштална турнеја. Имам 70 години и физички ми е многу тешко секој пат да ги подготвувам најдобрите настапи, но исто така ми е многу важно да ги доведам работите до крај и искрено да им се заблагодарам на сите луѓе кои ме поддржуваат пет децении”, рече Ковердејл.

Бендот требаше да одржи проштална турнеја минатата година, но беше одложена поради пандемијата COVID- 19. Датумите за концерти во текот на мај и јуни 2022 година во Европа се објавени на официјалната веб-страница на бендот.

Можеби ќе ве интересира: