Во прв ред

Голем концерт во Скопје, во иста вечер на иста сцена – Оливер Драгојевиќ и Џибони (Фото)

Заокружете го 4-ти март, зашто во Скопје токму на тој ден ни доаѓаат две легенди, две огромни музички имиња од просторите на поранешна Југославија – на 4-ти март прв пат во Скопје заеднички концерт ќе имаат Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони! Заедничкиот, неколкучасовен музички спектакл е закажан во ВИП Арената “Борис Трајковски”, а билетите за истиот во продажба ќе бидат пуштени од 20-ти јануари. Концертот е во организација на Гуливер Милс.

Двајцата великани на хрватската музичка сцена во Скопје доаѓаат во склоп на турнејата во чии рамки ја претставуваат својата “Фамилија”, односно заедничкиот материјал снимен и инспириран од нивни животни приказни и случки.

“Фотографијата за омотот на албумот ја направи синот на Оливер, Давор, додека пак, дизајнот е на мојата ќерка Тања. Насловната фотографија е од 80-те години, а на неа се наоѓа семејството Драгојевиќ. Сите се прашуваат каде сум јас на неа, а јас им одговарам дека можам да бидам само мајмун на таа фотка”, изјави Џибони по промоцијата на материјалот, кој речиси во сите поголеми градови во Хрватска веќе имаше и концертна промоција. Освен темите од новиот материјал Драгојевиќ и Џибони пред домашната публика ќе ги отсвират своите најголеми хитови, а се разбира, дека се подготвуваат и неколку изненадувања. Бидете сигурни дека Драгојевиќ и Џибони подготвуваат огномент од емоции.

Не заборавајте – 4-ти март, ВИП Арена “Борис Трајковски”, во иста вечер на иста сцена – Оливер Драгојевиќ и Џибони.

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: