Covers

Погледнете: “Македонско девојче” преработена на англиски и шпански јазик (Видео)

Веруваме дека нема некој од вас кој не ја слушнал и барем еднаш запеал во убава и весела адмосфера нашата најпозната и најпеена македонска народна песна “Македонско девојче”. Денес во нашата рубриката 24 Covers со задоволство ви ја претставуваме оваа песна, но овој пат во џез верзија со изведба на англиски и шпански јазик. Како што пишува во еден од коментарите на самото видео, сите музичари кои се дел од оваа преработка се македонци, а после првото слушање на оваа песна, ќе сакате повторно и повторно да ја преслушате.

И ние од Музика24 како и многумина на оваа позната македонска група “Дрим Тим” ќе им посакаме многу успех и среќа и секако уште многу вакви интересни и препознатливи преработки на македонски народни песни во џез изведба.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: