Во прв ред

Голем солистички концерт на Габриела Новевска на 10-ти септември во МОБ (Фото)

На 10-ри септември (вторник), со почеток во 20 часот во големата сала на Македонската Опера и Балет, свој прв голем и солистички концерт ќе одржи познатата македонска фолк пејачка Габриела Новевска под наслов “Те кажувајет, Илино моме”.

Како што дознава Музика24, на овој концерт ќе бидат премиерно изведени сите осум композиции од истоимениот албум и уште неколку нови преработки, за комплетно концертно уживање.

Инаку, Габриела Новевска ја интерпретира македонската народна песна најблизу до нејзината оригинална варијанта, истовремено оставајки свој, автентичен белег.

Иако е долги години препознатлива како вокал на етно составот “Монистра” и е вработена и дел од Националниот Ансамбл “Танец”, проектот “Те кажувајет, Илино моме” е она со кое самата се издвојува. Па така, народната песна ја вметнува во фузијата на рок и џез музиката. Начинот на старото македонско пеење е задржан, додека музичката обработка се вклопува во денешниот, модерен свет. Во целиот проект се вклучени најреномираните музичари во својата област, а аранжманите се дело на Александар Јовевски.

“Те кажувајет, Илино моме” е проект кој ќе ги разбуди сите Ваши емоции.

И не заборавајте, голем солистички концерт на Габриела Новевска, 10-ти септември, Македонска Опера и Балет со почеток во 20 часот.

Можеби ќе ве интересира: