Во прв ред

И летово Саша Ковачевиќ со настапи низ Македонија

Се прашувате каде да одите овој викенд? Ние знаеме каде. Прилеп градот на пивото, градот под Марковите Кули и единствениот најдобар летен клуб во градот и пошироко, клуб “Калипсо”. Овој петок, 6-ти јули клубот “Калипсо” ви нуди најнезаборавна забава со единствениот, најшарматниот и најпосакуваниот пејач на балканов и пошироко најатрактивниот Саша Ковачевиќ.

Почеток 22часот, а цената на билет изнесува 500 денари. Не чекајте другите да ви раскажуваат, дојдете забавувајте се и вие раскажувајте, клуб “Калипсо” голем концерт на Саша Ковачевиќ. Ние како и секогаш и овој пат, сме дел од вакви интересни, спектакуларни и ексклузивни настани.

После 6-ти, популарниот поп пејач Ковачевиќ својата летна турнеја ја продолжува низ поголемите и помали градови низ Балканот, а повторно со своите македонски фанови ќе има прилика да се дружи на 27-ми јули каде ќе настапува на плажата Кадмо во Охрид и 19-ти август кога ќе настапи на Градскиот плоштад во рамките на традиционалниот музичко-забавен фестивал “Струмица Опен Фест”.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: