Во прв ред

Влатко Стефановски ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид

Легендарниот македонски виртуоз на гитара Влатко Стефановски ќе го промовира најновиот албум “Мајчин јазик “ пред публиката во Охрид. По огромниот интерес и продадените 3 концерти во Македонската Филхармонија, Влатко Стефановски и неговиот најнов албум “Мајчин Јазик„ со концерт на Антички Театар во Охрид. Концертот ќе се одржи на 1-ви август, со почеток во 22 часот. Ова е можност домашната и странска публика повторно да го доживее извонредниот проект за кој публиката и критиката ги дадоа сите пофални зборови.

Нашиот гитарски виртуоз во Охрид ќе настапи со гостите Биља Крстиќ од Србија, Теодоси Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, Весна Гиновска Илкова и групата “Љубојна“ од Македонија.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: