Во прв ред

ИН тв Австралија со нов ко-сопственик

Како што пишува македонското списание од Австралија “Шило”, веќе докажаната и единствена македонска музичка телевизија во Австралија ИН Телевизија од неодамна доби нов партнер, односно нов ко-сопственик. Станува збор за младата, успешна и шармантна фолк интерпретаторка Зоре Мицевска која е австралијанка со македонско потекло. Како што изјави извршниот директор на оваа музичка телевизија Тони Силјановски, со влегувањето на Мицевска се очекува да се довршат сите досегашни проекти, како и да се разработат и започнат со реализација нови музичко-забавни преокти кои директно ќе ја поврзуваат Македонија и Австралија.

Ин Телевизија е првата австралиско-македонска телевизија која емитува 24/7 македонска народна музика. Преку својата програма која се емитува од Австралија, македонците кои со години работат и живеат, преку разнолика програма се запознаваат со културата, начинот на живеење и се она што е ново во нивната матична земја Македонија. Извршниот директор Силјановски додава дека во наредниот период ќе се реализира голема инвестиција што подразбира зголемување на квалитетот на тв програмата на оваа веќе надалеку позната музичка телевизија, како и зголемување и проширување на програмската шема.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: