Како што веќе Ве информиравме, следните неколку денови Кратово ќе биде местото каде ќе се случува големата културно-забавна и музичка манифестација “Златни денови”. По тој повод ќе настапат голем број на музички имиња кои ќе се претстават пред кратовската и македонска публика. Денес кога всушност и започнува овој настан, на сцената ќе се појават “Тајфата”, а веднаш по нив ќе настапи групата “Љубојна”. Како јагода на вечерната програма ќе бидат ѕвездите од “X Factor” односно Данијел Кајмакоски, Тамара Миловановиќ, Маид Хечимовиќ и групата “Доктори”.
Тие патувајќи кон Кратово направија и свое селфи кое потоа беше објавено на социјалните мрежи и секако многу коментирано. Вечерва, освен веќе споменатите учесници, на базенот во Кратово во рамките на “Златни денови” ќе настапат DJ Бабура, DJ Бранчез и DJ Боби.
Во текот на утрешниот ден (21.06.2014 сабота) пред платото на Општината Кратово ќе продолжи овој голем настан со настап на 6 европски состави, кои ќе настапат на Европскиот фестивал во Тамбура, а веднаш по нив ќе се претстави составот од Србија “Оџила”. Вечерната незаборавна забава која ќе биде на базенот во Кратово ќе му биде доверена на одличниот DJ Шорти Панчо кои со својот сет ќе се обиде саботната вечер да ја направи незаборавно одлична. Во текот на последниот ден од “Златни денови” односно во недела (22.06.2014) свој настап и претставување пред публиката ќе имаат Златните славејчиња.
Се надеваме дека доколку викендов Ваша дестинација е Кратово, нема да се покаете за изборот, туку напротив ќе бидете презадоволни од она што ќе имате можност да го видите.
Подготви: Магдалена Атансовска
