Во прв ред

Каролина следната седмица со два концерти во Битола (Фото)

Македонското девојче Каролина Гочева следната седмица продолжува со промотивните концерти на новиот албум “Извор” во нејзината родна Битола.

“После концертите во Скопје, се разбира Битола беше следна. Една седмица после концертот на покана на тамошни организатори одржавме концерт во Охрид, но ова се први концерти после оние во Скопје кој ги организира Авалон продукција. Добивме многу пораки на социјалните мрежи од наши сограѓани кои се интересираа за концерт во Битола”, изјави Каролина за медиумите. Концертите ќе се одржат во Центарот за култура на 27-ми и 28-ми март, со почеток во 20 часот.

“Програмата трае околу два часа имаме доста музичари на бината, ние сме среќни од тоа како звучиме со текот на годините звучиме се подобро и подобро. Во преговори сме и со некои музичари од Битола кои се тука, но тоа е работа на Никола Мицевски”, изјави на денешната прес-конференција Каролина Гочева.

За Музика24 од Битола: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: