Во прв ред

Младиот Вејчеслав Поповски ќе одржи концерт во МОБ

На 14 Април во Македонската опера и балет ќе се одржи гала концерт “Љубовна Елегија“ на Вејчеслав Поповски, нашиот млад уметник кој со својот глас поддеднакво добро може да Ве носи низ различните музички правци, но овој пат со својот талент сака да Ви ја раскаже својата музичка приказна низ стиховите на најубавите стари македонски народни песни во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет, во големата сала на МОБ.

Вејчеслав Поповски (17 години) е млад музичар кој својот талент го претставува низ фестивалите во земјата и странство, а за одбележување е фактот што тој на свои 11 години го снима своето прво солистичко ЦД “Бисери”.
Со “Бор садила мома Евгенија”, Вејчеслав дебитираше и во “До Балчак-приказна од Дивиот Исток”. 


Вејчеслав Поповски во 2013 година, на Светскиот музички шампионат во Холивуд, беше награден со “Светски шампион во три стила-опер, латино и отворен стил”.
Македонската публика го познава по изведбата на “Летај песно”, како и по “You and me” и Inoccence,
Освен вокална изведба, Вејчеслав се докажува и на полето на аранжирањето. Имено, во 2017 година го подготви целиот концепт за Концертот “Летај песно”, а пред публиката беа изведени познати светски и македонски поп композиции со оркестарски аранжмани на Поповски.

Овој македонски талент во придружба на оркестарот на МОБ, на еден нов, современ начин ќе ви ги долови “Калеш Анѓа”, “Бор садила мома Евгенија”, “Билјана платно белеше”, “Саноќ седам Трено”, “Кажи, кажи, либе Стано“ и други.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: