Во прв ред

Кои се правилата на вечерашното големо финале на “X Factor Adria”

И додека на тв Сител очекуваме да започне во живо преносот од големото финале од “X Factor Adria”, само за момент ќе Ве подсетиме на правилата и начинот на гласање кои ќе се почитуваат вечерва.

Петмината финалисти ќе отпеат по една песна, по која секако, ќе има пауза за гласање. Двајца од петмината кои ќе бидат со најмалку гласови одпаѓаат од понатамошното натправарување. Останатите тројца финалисти ќе испеат уште по една песна, по што повторно ќе следи гласањето, овој пат шоуто ќе го напушти само еден натправарувач. На крајот, останатите двајца кои ќе се натпреваруваат за победничкото место, ќе отпеат уште една – последна песна, по што според гласовите на публиката ќе биде прогласен победникот на првото регионално музичко шоу “X Factor Adria”.

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 до самиот крај на шоуто ќе Ве известува за се она што се случува во Белград преку нашата екипа, а и одтука, следејќи ги коментарите на Facebook и Twitter. Останете со нас!

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: