За речиси еден час ќе започне големото и долго очекувано финале на регионалното и прво тв шоу од овој тип на балканот “X Factor Adria”. Само минути не одделуваат од почетокот, а во Белград се случува вистинско навивање од страна на фановите на нашиот единствен претставник во ова шоу Даниел Кајмаковски. Како што не известува нашата акредитирана екипа, која рано утрово замина за Белград, фановите на Даниел стануваат се побројни и побројни и се упатуваат кон Kombank арената.
За повеќе информации поврзани со “X Factor Adria” следете не, секој миг очекуваме извештаи од Белград.
Подготви: Магдалена Атансовска
