Во прв ред

Повеќе од еден месец култура, историја и традиција – Прилеп го слави 85-годишниот јубилеј на 11 Октомври (Фото)

Прилеп и оваа година достоинствено ќе го одбележи 11 Октомври – датумот кој засекогаш останува запишан во историјата на македонскиот народ и на Градот херој. По повод 85 години од почетокот на Народноослободителната борба, од 1 октомври до 3 ноември ќе се реализира богата програма исполнета со културни, музички, театарски, спортски и меморијални настани. Во текот на повеќе од еден месец, прилепчани и посетителите од целата држава ќе имаат можност да уживаат во концерти, претстави, изложби, фестивали, книжевни промоции, спортски манифестации и свечени чествувања, со кои ќе се оддаде почит на едно од најзначајните поглавја од македонската историја.

Во продолжение следува целосната програма на настаните.

  • 1–3 октомври: „Прилепски џез викенд“ – Кино „Мис Стон“, НУЦК „Марко Цепенков“.
  • 4 октомври: Монодрамата „Менопауза“ со Тијана Дапчевиќ – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“.
  • 5 октомври: Интерактивната работилница „Бегство од музеј“ – Участак.
  • 6 октомври: Интерактивната работилница „Детективи на минатото“ – Участак.
  • 7 октомври: „Јавното здравје кај младите“ – Библиотека „Борка Талески“. Поетска вечер „Во пресрет на 11 Октомври“ – Библиотека „Борка Талески“. Премиера на претставата „Животинска фарма“ – НУЦК „Марко Цепенков“. „Херојот е мојот дедо“ – драмска претстава за Душко Наумоски – Участак.
  • 8 октомври: Изложба на ДЛУ Битола – Галерија, НУЦК „Марко Цепенков“. Реприза на претставата „Животинска фарма“. „Студент е, прилепско дете“ – драмска претстава за Борко Лазески – Участак.
  • 8–10 октомври: Фестивал на медот – Плоштад „Методија Андонов-Ченто“.
  • 9 октомври: 12:00 – Училишен перформанс „Формирање на македонското знаме“. 17:30 – Промоција на книгата „Спомени на прилепските револуционери“ од д-р Славчо Ковилоски. 18:30 – Проекција на филмот „До Балчак“. 19:00 – Промоција на каталогот за Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“. 21:00 – Слем полуфинале.
  • 10 октомври: 10:00 – Меѓународен џудо-турнир „Прилеп – Град Херој 2026“. 18:30 – Изложба на дела од ДЛУ 19:00 – Посета на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“. 19:30 – Централна свечена програма на Камена бина:
  • изведба на државната химна;
  • промоција на краток филм за 11 Октомври 1941;
  • поздравно обраќање на градоначалникот Дејан Проданоски;
  • сценски приказ на нападот на Участакот;
  • огномет.

По завршувањето ќе следува концерт во центарот на градот.

  • 11 октомври: 09:00 – Полагање свежо цвеќе на спомениците на народните херои. 09:00–14:00 – Традиционална крводарителска акција. 10:00 – Меморијален шаховски турнир „МАТ 2026“. 10:00–19:00 – Tuning Car Show.
  • 12 октомври: 11:00 – Изложба на воена опрема, техничко-тактички збор на Армијата и показни вежби на специјалните единици.
  • 15 октомври: Театарската претстава „Вечера за глупаци“.
  • 16 октомври: Стенд-ап вечер со Александар Михајловски.
  • 17 октомври: Фолклорна вечер со КУД „Моминок“ и гости од Босна и Херцеговина и Србија.
  • 18 октомври: „Че трчаме 2026“. „Тура преку Слива 2026“.
  • 19–25 октомври: MOCPA 2026 & Training Camp – Меморијален ориентациски натпревар „Пеце Атанасоски 2026“.
  • 20 октомври: Стенд-ап шоу „Солзи и смеа“.
  • 21 октомври: Тркалезна маса „Македонија на Македонците – македонска ослободителна мисла (1893–1991)“.
  • 22 октомври: Годишен концерт на ОКТЕТ – Прилеп. Изложба на Илија Ацески.
  • 24 октомври: Prilep Downhill Cup – село Штавица.
  • 3 ноември: Изложба на дела од ликовната колонија „Дрен“. Тематска изложба на архивски материјали, фотографии и документи за историјата на Прилеп. Свечена седница на Советот на Општина Прилеп и доделување на традиционалните Третоноемвриски награди.

Со повеќе од триесет настани, Прилеп и оваа година ќе испрати силна порака дека историјата, културата и традицијата не се само спомен, туку вредности што се негуваат и се пренесуваат на идните генерации. Организаторите ги покануваат сите граѓани да бидат дел од програмата и заедно да го одбележат големиот јубилеј – 85 години од 11 Октомври.

Текстот го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: