Како што не известуваат организаторите на веќе најавениот концерт на светски познатиот Шон Пол, со огромно жалење ги известуваат сите оние кои купиле карти за вечерашниот концерт, дека истиот е одложен. Причината за откажувањето на концертот, и покрај тоа што речиси целата екипа на Шон Пол вчеравечер пристигна во Скопје, е тоа што Шон Пол, за жал, поради технички причини беше спречен да се качи на закажаниот лет во Лондон.
Со оглед на неговите веќе закажани ангажмани и покрај нашите напори концерт да има утре (24-ти август) тоа е невозможно да се случи, а новиот датум ќе биде соопштен дополнително. Сите оние кои купиле влезници истите ќе можат да ги зачуваат за новиот датум, кој ќе бидат соопштен дополнително, или да си ги вратат средствата на продажното место од каде го набавиле билетот.
Подготви: Редакција Музика24
