Како што веќе на неколку наврати ве информиравме, една од најактуелните светски ѕвезди, јамајканскиот суперстар Шон Пол на 23-ти август, односно, вчетврток ќе гостува во Скопје. Тој во нашиот главен град ќе одржи голем концерт кој што е во склоп на неговата светска турнеја. Интересно е тоа што овој светски познат музичар од сите локации во регионов, ќе настапи само во Скопје.
Една од најголемите ѕвезди на денешницата, на дружба со македонската публика пристигнува директно од Кардиф, Велика Британија, а по Скопје продолжува кон Азија со голема азиска турнеја.
Повеќекратниот Греми добитник на скопскиот концерт доаѓа со својата комплетна екипа составена од врвни танчари и музичари. Влезниците за овој уникатниот настан во организација на Fusion Production и Akasha booking се веќе пуштени во продажба. Истите се во ограничен број и можете да ги набавите преку продажните мрежи на karti.com.mk и mktickets.mk, како и на kupikarti.mk.
И не заборавајте, локација: Стадион АРМ, Градски Парк, Скопје / Почеток: 20 часот.
Подготви: Марија Поповска
