Дали можеби се сеќавате на детската песна “Марионка” и на она мало слатко детенце кое тогаш на сцената на “Златно славејче” во Универзалната сала ја отпеа пред македонската публика? Да, токму тоа детенце денес има 28 години и е еден од најпознатите оперски пејачи во светот. По 20 години пауза од македонската публика, Васил Гарванлиев реши да подготви концерт и за душа и за срце и секако подарок за сите негови струмичани како и за сите останати кои би сакале да слушнат што тој по многу години работа низ светски земји има да им понуди тука на своите.
Васил вчера ексклузивно беше гостин во емисијата “24 за животот” на ТВ 24 Вести и истата емисија можете да ја погледнете на следниот линк. Музика24 како музички портал кој што ги подржува сите добри и квалитетно спакувани музички манифестации, и овој пат ќе го подржи овој музички концерт кој што ќе се одржи на 27-ми септември во големата сала на Домот на културата “Антон Панов” во Струмица. Како што и самиот Васил вели: Кратко – слатко – едукативно – провокативно – интерактивно – лесно – интересно – бесплатно!
За сите Вас кои што сакате да го погледнете првиот класичен соло концерт на Васил Гарванлиев во Струмица Ве известуваме дека влезот е БЕСПЛАТЕН! Уживајте 😉
Подготви: Марија Поповска
