Во прв ред

Познати деталите за концертот на Оливер Драгојевиќ

Музичкиот портал Музика24 уште пред половина месец пишуваше за гостувањето на познатиот далматинско-хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ во Скопје. Уште тогаш Ве известивме дека неговиот концерт е закажан за 29-ти ноември, но денес кога се е веќе појасно може слободно да најавиме дека истиот е во организација на туристичката агенција “Гуливер” која што зад себе има мноштво успешно организирани концерти.

Концертот на Оливер е најавен како промоција на новиот албум “Тишина мора” кој што е објавен во мај оваа година и на него има 11 песни, а воедно и потсетување на старите добри песни исполнети со многу љубов и емоции. Како гостин на концертот се најавува помладиот и исто така популарен кај македонската публика хрватскиот пејач Петар Грашо. Организаторите Ве известуваат дека картите за веќе споменатиот концерт ќе бидат пуштени во продажба од 5-ти октомври, а за резервации и подетални информации можете директно да се обратите во туристичката агенција “Гуливер” на телефонскиот број на агенцијата: 02/3109-850.

И колку за потсетување, Оливер Драгоевиќ доаѓа во Скопје со концерт во арената “Борис Трајковски” и истиот ќе започне во 21 часот. Се гледаме на концерт!

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: