Пред седум месеци, поточно, на 20-ти ноември 2013-та се формираше групата Acoustic Groove која што е составена од Никола и Иван Велиновски кои веќе 5 години константно преработуваат македонска забавна музика, а воедно со тоа ги запознава македонската публика. Тие уште еднаш ја докажуваат својата умешност и квалитет, односно, снимајќи ковери за разноразни песни, снимија ковер и за една повеќе од препознатлива песна, а станува збор за “Се е против нас” од Куку Леле.
За прв пат Специјализираниот македонски музички портал Музика24 Ви ги претставува, а доколку Ви се допаѓаат оваа група можете да ја слушнете и во кафулињата низ Скопје. Во продолжение, погледнете го и слушнете го коверот за “Се е против нас” од Куку Леле.
Подготви: Кристина Секуловска
