Во прв ред

На 13-ти април Дарен Емерсон доаѓа во Колосеум

Поранешниот фронтмен на легендарните “Underworld”, лондонскиот супер стар DJ Дерен Емерсон на 13-ти април во 23 часот ќе настапи во клубот Колосеум, најавува продукцијата Сонце. На жешкиот подиум покрај Дерен, ќе се ужива и во сетовите на нашите DJ Babura, Bobi, Kox (tribal progressive uplifting tech-trance set).

“Не смееме да направиме пауза со урбаните дози со кои се обидуваме да го вратиме квалитетниот ноќен живот во Скопје и неговиот пулс кој навистина знаеше во ноќните часови да нè раздрма сите до еден. Токму затоа ја продолжуваме нашата мисија, а на 13-ти април Скопје ќе биде сведок на уште една успешна клубска приказна”, вели Дарко од Продукција Сонце. Влезниците се во предпродажба по промотивна цена од 200 денари, а истите може да ги најдете во Југотон, Офис Плус (Рамстор, Сити Мол, ГТЦ, Палома Бјанка).

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: