На 24-ти и 25-ти мај на Аквапаркот во Пробиштип за првпат ќе се случува “Аква Парк Фест”. За време на овие два дена посетителите ќе можат да уживаат 24/7 во музичката програма која ќе биде презентирана на повеќе фестивалски сцени, од страна на повеќе од 30 артисти.
“Првото издание на фестивалот го подготвуваме да биде посебно од повеќе аспекти. Главни ѕвезди на фестивалот ќе бидат несомнено водечките музички имиња кај нас, а фестивалот ќе биде домаќин и на докажани артисти од регионот и повеќе светски музички ѕвезди”, велат организаторите Пасворд продукција и додаваат дека во програмата се вклучени и кинопроекции, театар, арт инсталации, ликовни работилници.
Влезниците за “Аква Парк Фест” наскоро ќе бидат достапни по промотивна цена од 700 денари за фестивалска влезница и 400 денари за дневна влезница, во кои е вклучен бесплатен камп простор на фестивалот и бесплатна Аква Парк влезница.
Подготви: Дениза Илиеска
