За еден месец Авалон продукција ќе биде домаќин на еден од многуте концерти планирани за оваа година, интимен концерт на “Црвена јабука” насловен “Nekako s’ proljeca” кој е закажан за 25-ти март во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот.
После продадените 18.000 влезници во Загребачка арена и трите концерти во МТС дворана во Белград, Жера и пријателите ги носат сите хитови (а, ги има навистина многу) во интимната атмосфера на Македонската Филхармонија.

“Црвена јабука” е еден од ретките бендови кои реално и добро плива сиве овие години, во комбинација со нивните стари и култни евергрини и конзистентни и успешни нови албуми и синглови. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (1-ви март) во 9 часот наутро on-line на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија по следните цени и категории:
- Партер1 – 1.000 денари
- Партер2 – 1.200 денари
- ВИП влезници (само 148 влезници) – 1.500 денари
Бидете дел и од овој концерт кој една од најдобрите продуценски куќи годинава го подготвува само за Вас!
